Русија и Украина преговараат за прекин на огнот

Русија и Украина во Белорусија ги започнаа преговорите.Киев планира да разговара за воспоставување хуманитарни коридори пред да се префрли на други прашања. Во меѓувреме

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска разговарал со францускиот колега Емануел Макрон. Путин на Макрон му рекол дека "целите на воената операција во секој случај ќе бидат завршени". Тој на Макрон му рекол и дека наводите за бомбардирањето на Киев и другите украински градови не се точни, туку дека се елементи на антируска кампања на дезинформации.

Од другастрана руските сили го зазедоа стратешки важниот центар Херсон. Падот на Херсон е значаен за русите, бидејќи ќе им овозможи да контролираат поголем дел од јужното крајбрежје на Украина. Руските сили опколија уште еден клучен град, Мариу- пол.Украинскиот претседател пак Володимир Зеленски денска ги повика Украинците да продолжат со отпорот. 

- Ние сме народ кој за една недела ги уништи плановите на непријателот. Тука нема да има мир. Нема да имаат храна. Тука нема да има мирни моменти. Ако отишле некаде, тогаш тоа е само привремено. Ќе ги избркаме.  Ова не се воини на некоја велесила. Тоа се збунети деца кои биле експлоатирани“.Украина не сака да биде покриена со тела на војници. Одете дома. - изјави Волдомир Зеленски.

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров ја спореди Америка со нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер кого, пак, Украинците, но и демонстрантите во останатите европски земји кои протестираа против руската инвазија, го споредуваа токму Владимир Путин.

- Америка им диктира на Германците што е добро за европската енергетска безбедност. Тие велат дека не им треба гасоводот ‘Северен тек 2’ и тврдат дека Америка ќе обезбеди енергетска безбедност, која е неколкупати поскапа. Наполеон и Хитлер имаа за цел да ја стават цела Европа под своја контрола. Сега Американците сакаат да го направат тоа.“ - изјави Сергеј Лавровм- министер за надворешни работи на Русија.

Во меѓувреме Европската унија најави дека ќе преземе дополнителни чекори против Русија доколку ситуацијата во Украина се влоши.

- Целта на Брисел е „да го намали капацитетот на Кремљ да води војна против своите соседи“, мораме да станеме независни од рускиот гас, нафта и јаглен, нашата решеност да продолжиме напред во оваа ситуација е посилна од кога било“,изјави Урсула фон дер Лајен претседателка на Европската комисија. - изјави Урсула фон дер Лајен претседателка на Европската комисија.

Повеќе од еден милион луѓе ја напуштија Украина од почетокот на руската инвазија. Русија за прв пат призна дека претрпе големи воени загуби за време на нападот врз Украина, со 498 убиени војници и 1.597 ранети.