Русија го нападна Киев, Украинците јавуваат за 12 повредени

Русија изврши напади со беспилотни летала врз украинскиот главен град Киев и Миколаев на југот на земјата. Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Русија започнала нова пролетна офанзива, обидувајќи се да ја пробие украинската одбрана во регионите Харков и Суми, а во исто време продолжува притисокот на истокот на земјата. Украинскиот претседател потсети дека Русија остварила најголеми тактички придобивки во ноември 2024 година, но тоа било проследено со големи загуби и забавување на офанзивата. Во рускиот напад оштетени се и девет станбени згради, 30 гаражи и една административна зграда. Русија негира дека намерно гаѓа цивили, но илјадници се убиени и повредени во нејзината инвазија на Украина.