Румена Бужаровска го промовира својот прв роман

Вчервечер се одржа промоцијата на првиот роман “Тони” на македонската писателка Румена Бужаровска. Овој роман доаѓа по книгите - збирки раскази со кои Бужаровска стекна голема популарност не само кај нас, туку и во европски рамки. 

„Тони“ е роман напишан на жив, остар и современ јазик, во препознатливиот горчлив и истовремено духовит стил на Бужаровска.