Рудникот Иловица предизвика протест, но и контра протест
Foto

Рудникот Иловица предизвика протест, но и контра протест

Тензично и напнато беше претпладнево на планината Огражден каде едни не дозволуваа да се врши археолошки истражувања на просторот каде треба да никне рудникот Иловица други пак сакаа да заминат на работата на ископувањата оти биле ангажирани под договор на дело . Полицијата не дозволи судир на граѓаните за и против рудникот. Во улога на медијатори стигнаа и градоначалниците на Босилово и Ново Село на чија територијата треба да биде рудникот.

Активистите против рудници сметат дека со археолошките истражувања се отвара можноста за отпочнување на изградбата на рудникот која ќе го уништи региониот и животната средина. Тие на градоначалниците им кажаа дека нема две групи граѓани туку мнозинство народ што не сака рудник а преку нив повторно упатија порака до Владата конечно да го реши проблемот со рудникот.

На неколку метри пак подолу беа лугето ангажирани за да ја вршат физичката работа при археолошките истражувања на локалитетите. Тие сметат дека не е во ред што не им се дозволува да заминат на работа.

Веќе четврти ден активистите против рудници не дозволуваат на археолозите од струмичкииот завод и музеј со жители од околните села да пристапат до местата каде треба да се вршат археолошки истражувања за да се утври дали на тие места има било какво културно наследство, локации каде се планира рудникот и коповите.

0 Коментари

Остави коментари