Рубио: САД и Европа се поврзани, но партнерството мора да се преиспита

Светските лидери втор ден на средба на безбедносната конференција во Минхен. Американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека судбините на САД и Европа се „поврзани“ предупредувајќи дека партнерството мора да се преиспита и прилагоди. Опишувајќи ја Европа како најблизок и најдолготраен сојузник на Вашингтон, Рубио истакна дека односот мора да се приспособи на сè поконкурентна и поопасна глобална средина.