РСБСП: Брзото возење убива - брзината е клучен фактор на ризик за безбедноста на сообраќајот
Foto

РСБСП: Брзото возење убива - брзината е клучен фактор на ризик за безбедноста на сообраќајот

Младите се најчестите предизвикувачи но и жртви на сообраќајни прекршоци и несреќи. Според анализите на РСБСП, брзото возење и понатаму доминантна причина за предизвикување сообраќајни незгоди со фатални последици. На патиштата гинеле поради неносење појас, неприлагодена брзина на возење, непочитување на сообраќајната и патната сигнализација.  

Од Министерството за правда најавија дека ќе копираат американска верзија на Кривичниот законик, кој предвидува поригорозни казнени мерки. На овој чекор властите се одлучија поради проблеми со примената на домашната регулатива. 

„Во тек е изготвување на нов Кривичен Законик, а во него ќе има ново дело „Безобзирно управување со моторно возило“. Што точно ќе опфаќа ова дело зависи од текстот кој ќе го усогласи работата на Работна група при Министерството за правда, која активно работи на новиот КЗ. Ова ново кривично дело го има во повеќе други земји, а кај нас се зема по примерот на Хрватска.“ - Министерство за правда.

Серијата на сообраќајни несреќи во кои животот го изгубија млади лица предизвика бура од реакции во јавноста. Се бара правда и поригорозни казни за несовесните возачи по смртта на младата студентка од Крива Паланка, Фросина Цековска, Јелена Филиповиќ од Куманово, сообраќајката во охридско каде загинаа Милан и Иван од Битола, но и спогодбата на Зоран Милевски - Кичеец која ги спротивстави судските инстанци.

Според Судски совет, Врховниот суд треба да ја усогласи судската пракса - за исто дело да се добива слична казна во зависност на отежителните и околностите против виновниците за тешки сообраќајни несреќи. Црната статистика на МВР покажува дека заострената сообраќајна политика и казните влијае на намалување на жртвите во сообраќајот. Па така, во 2010 година се регистрирани 162 загинати лица, а во 2020 година 125.

0 Коментари

Остави коментари