Рози и спомени за музичката ѕвезда: 16 години од смртта на Тоше Проески

16 години без нашиот Тоше, кој трагично настрада во сообраќајна несреќа која се случи во Хрватска, кај Нова Градишка. Тој кобен ден, Тоше требаше да оди во Загреб за да сними англиска верзија на еден од неговите хитови.

Проески беше еден од најдобрите пејачи на овие простори. Со леснотија ги пееше не само неговите, туку и песни од различни жанрови како оперски арии и традиционални балкански песни. Со својата музика, славејски глас и харизма го обедини општеството, земјата, но и регионот. Остави голема трага на домашната, но и на балканската музичка сцена.

Неговите песни и денеска, 16 години по неговата смрт, веќе го носат епитетот безвременски. 

Проески е роден во Прилеп на 25 јануари 1981 година, а порасна во Крушево. Уште од мал пееше во школскиот хор, а првиот јавен настап го имаше 12 години на детскиот фестивал „Златно славејче“. Последниот концерт го одржа на 5 октомври 2007-та година, а Градскиот стадион во Скопје, кој сега во негова чест го носи неговото име „Арена Тодор Проески“. Во 2004-та ја претставуваше Македонија на Евровизија во Истанбул. Таа година стана и амбасадор на УНИЦЕФ.