Рози и спомени за музичката ѕвезда: 16 години од смртта на Тоше Проески

Денеска се одбележуваат 16 години од смртта на најголемата музичка ѕвезда Тоше Проески кој го загуби животот во сообраќајната несреќа што се случи кај Нова Градишка, Хрватска. 

Денес со црвени рози и многу сеќавања крушевчани на пладне ќе ги пречекаат маратонците кои трчаат до Гумење во Крушево во чест на нашата и балканска музичка ѕвезда.

Низ улиците до Гумење, крушевчани ќе ги пречекаат со црвени рози. Тоа е традиција што ја воспоставија учениците од средното крушевско училиште „Наум Наумоски – Борче“.

Спомен-куќата на Тоше на Гумење ги пречекува бројните посетители и фанови кои и годинава ги има од сите краишта.