„Рособороекспорт“: Турција во 2020 година потпишува нов договор за набавка на „С-400“
Foto

„Рособороекспорт“: Турција во 2020 година потпишува нов договор за набавка на „С-400“

Договор за нови противракетни системи „С-400“ со Турција се планира да се потпише во 2020 година, изјави генералниот директор на „Рособороекспорт“ Александар Михеев.

Како што пренесуваат руските медиуми, „Рособороекспорт“ годинава ја заврши реализацијата на договорот за испорака на четирите дивизиони „С-400“ за Турција, во вредност од 2,5 милијарда долари. Договорот вклучуваше и анекс за уште еден комплет.

 

-Се надеваме дека во првата половина на 2020 година ќе дојдеме до моментот на потпишување на договорените документи. Но, сакам да подвлечам дека воено-техничката соработка со Турција не се ограничува само на испораките на „С-400“. Ни претстојат големи планови, рече Михеев.

0 Коментари

Остави коментари