Рос Браун: Разочарувањето на Хамилтон е разбирливо, тој едноставно не е навикнат да се справува со ова
Foto

Рос Браун: Разочарувањето на Хамилтон е разбирливо, тој едноставно не е навикнат да се справува со ова

Спортскиот директор на Формула 1, Рос Браун го сподели своето мислење за настапот на Луис Хамилтон на Големата награда на Монако и незадоволството што го изрази актуелниот шампион кон својот тим поради лошо избраната стратегија.

-Луис не беше воодушевен од начинот на кој се одвиваше викендот во Монако, и оваа фрустрација кулминира за време на трката, незадоволен од тоа каква е тимската стратегијата. Тој е вистински спортист, па разбирливо е неговото разочарување од фактот дека трката започна да се оформува на сосема поинаков начин, како што би сакале. Луис едноставно многу ретко се среќава со вакво нешто, му недостасува пракса за да може да се справи со неуспехот. Тој не е навикнат.

Да, тој се однесуваше прилично грубо, но сигурен сум дека ќе гледа на работите поинаку, откако ќе се смири, ќе ги анализира настаните од викендот. Мерцедес и Луис веќе долго време работат заедно и добро се познаваат, па можат да се справат со сè. Нема да биде проблем, истакна Браун.

Хамилтон го освои седмото место на трката за Големата награда на Монако и ја загуби лидерската позиција во поредокот на Формула 1 шампионатот.

0 Коментари

Остави коментари