Роналдо се зарази со коронавирус
Foto

Роналдо се зарази со коронавирус

Напаѓачот на Јувентус и Португалија, Кристијано Роналдо е позитивен на коронавирус.

Сега фудбалерот ќе мора да оди на самоизолација. Така, тој ќе го пропушти натпреварот од Лигата на нации против Шведска закажан за утре.

Исто така, тој мора да ги пропушти следните натпревари за Јувентус – со Кротоне во италијанскиот шампионат (17 октомври) и со Динамо Киев во Лигата на шампионите (20 октомври).

0 Коментари

Остави коментари