Роналдо по дебаклот со Ливерпул: Самите сме одговорни, нашите навивачи заслужуваат многу повеќе
Foto

Роналдо по дебаклот со Ливерпул: Самите сме одговорни, нашите навивачи заслужуваат многу повеќе

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо, по поразот од Ливерпул (0:5) во натпреварот од 9. коло на Премиер лигата

Понекогаш не е можно да се дојде до резултатот за кој се бориме. Понекогаш резултатот не е онаков каков што сакаме. За ова сме одговорни ние и само ние, бидејќи нема кој друг виновен. Нашите навивачи повторно беа неверојатни, не поддржуваа цело време. Тие заслужуваат повеќе, многу повеќе, и ние мора да го направиме ова за нив. Времето дојде! – напиша Роналдо на Инстаграм.

Во 52. минута од средбата 36-годишниот Португалец постигна гол, но главниот судија на натпреварот, Ентони Тејлор, по интервенцијата на ВАР, го поништи поради офсајд.

По девет кола во Премиер лигата, Манчестер јунајтед постигна 14 бодови и го зазеде 7-то место во поредокот. Ливерпул е на второто место со 21 бод.

0 Коментари

Остави коментари