Роналдо: Оваа генерација на репрезентацијата на Португалија ја заслужи титулата
Напаѓачот на Португалија, Кристијано Роналдо се осврна на победата во финалето на Лигата на нации над Шпанија (2:2, 5:3 - пенали).
- Многу сум среќен. Најпрво, за оваа генерација, тие ја заслужија титулата. Да се победи со португалската репрезентација е нешто посебно. Имам многу титули, но нема ништо подобро од победата со Португалија. Солзи и чувство за остварување... Прекрасно е. Мора да размислувам за иднината на краток рок. Имав повреда, и тоа беше премногу, премногу тешко... Дадов се од себе, бидејќи во репрезентацијата треба да дадеш максимум, потенцира Роналдо.
За Роналдо ова е трет трофеј со репрезентацијата. Четириесет годишниот напаѓач претходно ги освои Евро 2016 и Лигата на нации 2019 година.
Португалија по втор пат во историјата ја освои Лигата на нации. Прво го добија финалето во 2019.
Шпанците по втор пат го загубија финалето на турнирот. Претходно во меч за трофејот беа поразени од Франција во 2021 година.