Ромео: Подготвени сте за преговори, треба да ја исправиме грешката
Италија останува на позицијата дека отворањето преговори на Северна Македонија со ЕУ треба да биде во пакет со Албанија, зашто и двете земји постигнале напредок во реформите, вели италијанскиот амбасадор Карло Ромео во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Тој се надева дека дебатата за новата методологија нема да се претвори во нов услов и одложување на отворањето преговори.