Романската влада подготвува закон со кој ќе се амнестираат политичарите обвинети за корупција
Foto

Романската влада подготвува закон со кој ќе се амнестираат политичарите обвинети за корупција

Романската влада е близу до носење на закон со кој би се амнестирале сите политичари кои биле осудени за корупција. Ова не е првпат социјалдемократите од романската владејачка партија да се обиде да декриминализира некои дела на корупција, вклучувајќи ја и злоупотребата на службената положба, која се дефинира како „службеници кои не ја извршуваат својата работа правилно и предизвикуваат штета“.

Според романските аналитичари, ваквата одлука би можела повторно на улица да гуи извади жителите на државата. Во јануари 2017 година, десетици илјади Романци се собраа на улиците на Букурешт, на протест поради владините планови за декриминализација на некои прекршочни дела и амнестија на осудените лица преку итни декрети. Ова беа најголемите демонстрации во земјата од 1989 година.

 

0 Коментари

Остави коментари