Романците ја одбележаа годишнината од бунтот против Чаушеску
Foto

Романците ја одбележаа годишнината од бунтот против Чаушеску

Неколку илјади Романци синоќа учествуваа на протесна прошетка низ улиците на Букурешт, одбележувајќи ја на тој начин годишнината од почетокот на бунтот против последниот романски комунистчки лидер Николае Чаушеску во 1989 година. Демонстрантите носеа романски занмиња и свеќи и скандираа „Не сакаме да не управуваат крадци“ и пароли против владејачката Социјалдемократска партија. Тие повикаа на „повеќе демократија“ и побараа од романската Влада да се откаже од плановите за амнестија на лица осудени за корупција.

За време на протестnата прошетка, насловена „22 декември – Нашата револуција“, деmонстрантите на кусо застанаа на Унверзитетскиот плоштад, каде со минута молчење им оддаоа почит на над 1.100-те загинати за време на бунтот во 1989 година. Бунтот против режимот во Романија почна на 22 декември 1989 година и заврши со уривањето на власт на тогашниот лидер Чаушеску, кој по краток судиски процес беше ликвидиран три дена подоцна, заедно со неговата сопруга Елена.

0 Коментари

Остави коментари