Рокас: Многу значајно е да се почнат преговорите, бидејќи кога ќе почнете да преговарате, тоа го менува моментумот
Европските амбасадори ќе бидат тука за вас да ја надминеме и последната пречка за пристапување во Европската унија , порача евроабасадор Михаил Рокас на конференцијата „30 Години на европскиот пат: Северна Македонија - Европска унија - следни чекори.
Патот дотаму според Рокас е многу поблиску од тоа што мислиме, но недостига како што кажа желба за обединување низ политичкиот спектар.
Договор е постигнат во 2022 и да беше да беше испорачан земјава ќе беше „фронтранер“ пред која било друга земја кандидат, рече Рокас.
Европабасадоир Михаил Рокас
- Многу значајно е да се почнат преговорите бидејќи кога ќе почнете да преговарате, тоа го менува моментот, верувањето дека секој е во линија да ги испорача своите цели. Ако сè уште сметате дека има пречка за вашето пристапување, напорите што се прават за тоа да се реши, се бавни, постојат и сомнежи, затоа треба да направиме пробив. Затоа, како и се друго во животот, проширувањето е политичка одлука, како и патот напред исто така е политичка одлука, но би рекол дека треба да сфатиме дека времињата значајно се променија. Живееме во ера кога меѓународниот систем базиран на владеење на правото е уништен и кога долгорочните пријателства се ставени под прашање. Така што нема сомневање дека ЕУ треба да одговори на овие предизвици, ставајќи силен акцент на проширувањето, и нема да дозволиме да има црни дупки на европскиот континент, рече Рокас.
Министерот за европски прашања Беким Сали - кажа дека по завршувањето на скрининг процесот, фокусот е ставен на забрзана испорака на реформи. Интеграцијата е процес на конкретна испорака на резултати, дополни Сали.
Преку реформската агенда и планот за раст, државата веќе обезбедува мерливи резултати во клучните области како владеење на правото, јавната администрација и економското управување. Кредибилниот процес на проширување бара паралелна посветеност – силна реформска испорака од земјите кандидати и предвидливост од страна на Европската Унија.
Деканот на Правниот факултет Сашо Георгиевски навраќајќи се на минатото кажа дека првите години од процесот биле години на очекување, но и нереална надеж, повремени разочарувања од сопствените потфрлања.
Во изминатите 30 години како што рече две работи постојано се провлекувале константно. Постојаната подршка која македонските граѓани ја дават на евроинтеграцискиот процес, но и подршката која земјава ја добивала од Европската Унија.

