Рокас: Ја имате нашата поддршка

Треба да се искористи моментумот на наклонетост во Европската комисија кон Северна Македонија за почеток на преговори за членство во Европската унија, порача денеска амбасадорот на ЕУ во земјава Михалис Рокас на заедничка седница на собранискиот Национален совет за евроинтеграции и комисијата за европски прашања, на чиј дневен ред беше Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2024 година.

Заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков истакна дека од Европската комисија сме добиле објективна слика за подготвеноста на земјата во достигнувањето на европските правила и стандарди.

Претседавачот на собранискиот Национален совет за евроинтеграции Венко Филипче на седницата рече дека забрзувањето на реформите во клучните области е неопходно за напредокот на државата.

Евроамбасадорот Рокас укажа дека изборите и именувањата „на одредени позиции во државни институции и агенции треба да бидат навремени и да се темелат на заслуга“ и европско знаменце при донесување закони да се употребува само кога се работи за закони за усогласување со законодавството на Европската Унија.