Рокас: Идентитетот и јазикот не се во преговарачката рамка, тие најдобро се бранат со членство во ЕУ

Евроамбасадорот во земјава Михалис Рокас денеска од ОХрид позитивно го оцени Извештајот на Европскиот парламент, истакнувајќи дека тој дава силна поддршка на интегративните процеси на државата и ги поддржува реформските процеси, особено реформите во правосудството, борбата против корупцијата и останатите предизвици со кои се соочува државата. Според Рокас идентитетот и јазикот не се дел од преговарачките рамки и најдобро се бранат со полноправно членство во ЕУ.