Рок музика, филм и карате

Вистински микс на теми имавме во најновото издание на Неделен микс. Разговаравме со музичкиот новинар и публицист Тошо Филиповски за рок музиката во Македонија.

Со новинарот и филмскиот критичар, Влатко Галевски, зборувавме за филмот како уметност, но и за претстојните доделувања на наградите Оскар.

Со Дејан Недев, нашиот најуспешен каратист, зборувавме за неговите почетоци, но и за успеси на европските и светските првенства.