Роџер Федерер го победи Новак Ѓоковиќ за полуфинале и го израдува и Рафаел Надал
Foto

Роџер Федерер го победи Новак Ѓоковиќ за полуфинале и го израдува и Рафаел Надал

Роџер Федерер со 2-0 во сетови го победи Новак Ѓоковиќ во третото коло на завршниот турнир во Лондон и обезбеди пласман во полуфиналето, Србинот е елиминиран, а на овој резултат се израдува и Рафаел Надал.

Федерер релативно лесно дојде до победата, во првиот сет му зема еден брејк на Ѓоковиќ, во вториот два и победи со 6-4 и 6-3. На победата на Федерер се израдува и Надал бидејќи елиминацијата на Новак Ѓоковиќ значи дека шпанскиот тенисер ќе остане број еден на АТП листата до крајот на оваа година. Надал испиша и историја, стана најстариот тенисер кој ја завршува годината на првото место на АТП.

Покрај Федерер, од групата Б во полуфиналето оди и Доминик Тим. Утре се играат мечевите од А групата, Циципас - Медведев и Надал - Зверев по што ќе бидат познати полуфиналните двојки.

0 Коментари

Остави коментари