Родителите со порака – нема европска иднина, ако мора да маршираме да не слушнат

Зборуваат за европски вредности – а замижуваат пред одговорност... Европа не е политички слоган, туку институции кои спречуваат трагедии — нов марш и порака на родителите на жртвите од Кочани. Денес велат: Европа слави мир, демократија, солидарност и човечко достоинство, а тие се исправени пред сурова и понижувачка контрадикторност.