Родителите на загинатите од Кочани се сретнаа со тимот од Шведска кои имаат преживеано иста трагедија

Денес во просториите на здружението на граѓани 16-ти Март 2025 Кочани, во посета ни беше тимот од Гетеборг, кој ја има доживеано истата трагедија – пожарот во 1998 година. Нивното присуство беше силна порака на солидарност, разбирање и поддршка.

Со нив беше и Елизабет Далберг Фриск, заменик-шеф на мисијата на Шведска, како и тим од ЦПКА Малинска.

Благодарност до сите за посетата, за поддршката и за пораката дека во тешките моменти не сме сами