Родителите на загинатите деца во Кочани ја променија стратегијата на изразување револт за бавната правда
Родителите на загинатите деца во импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани од денеска ја променија стратегијата за изразување на револтот поради бавната правда за нивните, како што велат, убиени деца.
Тие од денеска почнаа со едночасовна блокада на кружниот тек во Кочани кај двојниот мост на улицата Стево Теодосиевски. На вчерашниот марш на ангелите родителите обединети во здружението на граѓани 16 март 2025, бараат да се зголеми капацитетот на судскиот состав со дополнителни судии и судски работници за да не се одолговлекува процесот поради недостаток на ресурси а рочиштата да добијат приоритет и постојано темпо.

