Родителите на загинатите деца во Кочани до власта и опозицијата: „Срам да ви е што ја блокирате анкетната комисија“!
Точно пет месеци од редовната седница на Комисијата која се одржува кога се постапува по претставки на граѓани- по поднесената претставка од Здружението „16 Март 2025”. Седница со солзи, емоции и потрага по одговорност и поставени прашања од страна на родителите кои ги изгубија своите деца во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на кобниот 16 март минатата година.
Родителите им поставија прашања на валста и опозицијата и на претставниците на народот во Собранието-зошто ги изманипулирале.
Родителите велат дека и валста и опозицијата со разни изговори ја кријат вистината бидејќи сакаат да се заштитат самите.
Томче Стојанов-родител
„Прво отидоа на одмор... Гледаме дека сме изманипулирани на еден начин и од тоа што беше кажано и што беше изнесено нема искочено на вдиелина ни мал дел. Пример со постојаната анкетна комисија, ние како родители ги изнесовме сите насши болки, неправди за трагедијата, за пеколот низ кој поминуваме повеќе од една година-се уште нема донесено заклучок. Замислите, не можат да доенсат некој заклучок и да се усогласт, за трагедијата која ја виде цел свет, а кај нас се прави театар. Срам да им е и на валста и на опозицијата...“
Свесни дека никој и ништо не може да го врати времето и да ги врати младите згаснати животи, повторуваат дека не е време за политички препукувања и собирање поени, туку да се дојде до правда и системот да не дозволи повеќе вакви трагедии и завивање на други семејства во црно.
Томче Стојанов-родител
„Намерното саботирање на нашата ситуација, нас како семејство и родители многу не' погодува и не' револтира нашите животи и така се уништени, а со оваа неправда што ја доживуваме-секој ден доживуваме нови уништувања.
Кочани не е Кочани како пред 16 март 2025 година. „Системот ни ги уби децата“ е пораката која одекнува низ улиците во градот. Родителите велат дека нивните деца не го заслужиле и не допринеле за да загинат во услови на околу 800 степени.
Томче Стојанов-родител
„Овој пекол во име на парата, митото и корупцијата-го доживуваме секој ден, а нашите деца да ги нема, некој да им пресуди и да им го земе основното право на живот. Без никаква тронка на совест и грижа секој да се трга сега и да укажува дека не сноси никаква одговорност... Што треба да се случи..?“
Досега беше одржана постојаната анкетна комисија со која претседава лидерот на Левица и пратеникот Димитар Апасиев, а комисијата според Левица не се закажува заради тоа што според нив ВМРО-ДПМНЕ немало да направи кворум. Анкетната комисија пак која треба да расправа за катастрофата во „Пулс“, пожарот во модуларната болница во Тетово и несреќите кај Ласкарци и Бугарија никако да почне со работа. Христијан Мицксоки и Венко Филипче со свои ставови. Венко Филипче, повеќе пати најавуваше дека ќе предложи членови „веднаш“ ретерира и сега чека допис од собранискиот спикер.
ВМРО-ДПМНЕ не предлага членови со став дека не може да почне да работи анкетната комисија без да бидат усогласени заклучоците од кај Апасиев. Досега само од Левица доставија свој член и заменик.

