Родителите на загинатите деца кон премиерот: „Како ќе постапевте ако беше вашето дете во прашање, мораше да има морална оставка“

Солзи, емоции барања одговорност, но и прашања до премиерот и државниот врв како тие би се однесувале доколку би се нашле  во една таква ситуација но и кој ќе понесе одговорност за настанот во дискотеката Пулс во Кочани.

Дел од родителите и семејствата со клучни прашања и пораки. Системот ни ги уби децата овде сме да ги спасиме и идните генерации. 

Расправата во законодавниот дом одеше во насока на тоа дали Апасиев воопшто треба да ја води седницата на анкетната комисија откако владејачката ВМРО ДПМНЕ побара тој да се иземе но и побараа пауза за да ги повикаат родителите во кабинетот на пратеничката Василевска но тие одбија . Седницата продолжи со говорите и на останатите пратеници  но и на семејствата . 

Иако вчера од партијата на Мицкоски кажаа дека тој нема да се појави а за днеска имаше закажано и настан кој го откажа  сепак реши да присуствува на седницата и да ги слушне барањата на родителите но својата изјава за медиумите ја даде надвор од законодавниот дом а иако присутен не учествуваше во дискусијата во рамките на седницата .   

На седницата присуствуваше и шефицата на државата Сиљановска Дафкова но ниту таа не зема збор . Иако беше поканет и министерот Панче Тошковски сепак од МВР посочија дека поради службено патување ќе биде спречен да дојде.