Родителите кои се против дигиталните учебници очекуваат нова средба со МОН

Родителите кои се против дигиталните учебници, организирани преку иницијативата „учебници и настава мора да има“, денеска очекуваат нова средба со МОН на која бараат одговори на нивните барања, откако првата средба во четвртокот заврши без заклучок.

Претставничката на групата Драгана Спасевска вели дека сеуште немаат добиено покана, ќе почекаат до утре попладне, а бојкотот до тогаш ќе биде во мирување.

Поради незадоволството од новиот предлог закон за дигитализација на учебниците, наставата во дел од средните и основните училишта се бојкотираше речиси една недела, а од четвртокот учениците се вратија на настава.