Родилка на Клиниката за гинекологија позитивна на Ковид 19
Foto

Родилка на Клиниката за гинекологија позитивна на Ковид 19

Родилка од Куманово која вчера се породила на Клиниката за гинекологија е заразена со коронавирус.Таа била безбедно породена со царски рез. Бебето се наоѓа на интензивна нега бидејќи породувањето било предвремено извршено.

Тестови се прават за уште една родилка која била испратена од Охрид со компликации и сепса, која предизвикала смрт кај бебето. Гинеколозите сметаат дека во овој случај не се работи за коронавирус, но сепак и таа ќе биде тестирана за Ковид 19.

Според последниот биланс, вкупниот број на регистрирани заболени од коронавирус во Македонија е 329 луѓе. Од нив починаа 9, а 12 се излечени.

Во критична состојба се 4 пациенти.

0 Коментари

Остави коментари