Рочиште „Плацеви на Водно“, сведочеше кумот на екс премиерот Груевски
Со одбрана на обвинетите денеска продолжи судењето за случајот „Плацеви на Водно“.
Иако одбрана прв требаше да даде екс шефот на УБК Сашо Мијалков, тоа не се случи, бидејќи обвинителството претходно достави нови докази, па мијалков сакаше и тие да ги разгледа пред да ја даде својата одбрана.
Одбрана даде Ристо Новачевски, кумот на поранешниот премиер Никола Груевски кој е првообвинет и му се суди во отсуство. Тој рече дека Груевски сакал да купи плац на Водно, откако претходно му понудил да биде управител на нова фирма.
Новачевски рече дека по извесно време кога се видел со груевски, тој му кажал дека земјиштето и целата фирма ќе му бидат продадени на Орце Камчев.
Судењето за случајот продолжува следната недела кога и останатите обвинети треба да ја дадат својата одбрана.