Рочиштата за сопственикот на “Доказ” ќе бидат затворени за јавноста до објавување на пресудата
Рочиштата за Марјан Стаменковски, сопственикот на веб страницата Доказ ќе бидат затворени за јавноста до објавување на пресудата.
Ова за ТВ 24 го велат од Скопскиот кривичен суд, каде утре треба да продолжи судењето во кое Стаменковски се терети за кривичните дела уцена, ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, пиратерија на аудиовизуелно дело и кривично дело и злоупотреба на лични податоци.
На утрешното рочиште пак, се очекува обвинетиот да го слушне воведниот говор на обвинителката Зорица Павловиќ, во кој како што кажа, има интимни детали од приватниот живот на оштетените.