РКЕ утре треба да ја соопшти цената на струјата што ќе важи од јануари
Регулаторната комисија за енергетика утре ќе ги соопшти одлуките поврзани со цената na електрична енергија. АД ЕСМ на последнио тендер на ЕВН Хоум понуди цена од 62 евра за мегават часови што е за две евра повисока од досегашната цена што АД ЕСМ му ја продаваше на универзалниот снабдувач. Оваа цена има најголемо влијание врз цената на струјата што граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јануари. Премиерот Христијан Мицкоски неколкупати досега во изјави за медиумите рече дека не очекува големи промени во цената на струјата, а доколку дојде до такво нешто, тогаш според неги, зголемувањето би требало да биде минимално од еден до три проценти.