РКЕ утре ќе ги одреди новите цени на струјата и парното греење
Foto

РКЕ утре ќе ги одреди новите цени на струјата и парното греење

Регулаторната комисија за енергетика утре треба да ги донесе одлуките за цената на електричната енергија и за парното греење за скопјани што ќе важат во текот на наредната година.

Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски неодамна потврди дека сите енергетски компании во земјава побарале зголемување на цената на електричната енергија поради зголемените трошоци и намалената потрошувачка, како и проблемите со ликвидноста што ги предизвика пандемијата со ковид-19.

Според најавите, се очекува утре да биде намалена цената што ја плаќаат скопјани за парното греење.

0 Коментари

Остави коментари