РКЕ повторно ја намали цената на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,00%. 

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,50 ден/лит и сега ќе изнесува 86,50 ден/лит. 

Малопродажните цени на бензините  ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од полноќ максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95      84,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98      87,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)        90,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)              86,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС              50,391 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,552%, кај дизелот за 4,177%, кај екстра лесното масло за 4,421%  и кај мазутот намалување е за 1,503%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,519%.