РКЕ: Постапка за одземање на лиценци за четири фирми од бизнисот со мазут
Foto

РКЕ: Постапка за одземање на лиценци за четири фирми од бизнисот со мазут

Регулаторната комисија за енергетика започна постапка за одземање на лиценците на четири трговци со мазут на големо. При контролите било утврдено дека ги немаат потребните законски резерви. Сега компаниите во рок од седум дена треба да дадат образложение до Регулаторна. 

Паралелно со ова, Владата утрината соопшти дека седум компании се казнети со вкупно 55 илјади евра за неправилности со увозот на мазут, дел добија времена забрана за работа. Вонредните контроли на институциите покажале дека се користел мазут од отпадни гуми или со повеќе вода од дозволеното, а седум компании тргувале без да имаат лиценца за тоа.  

Сите наоди утрово се доставени до Јавното обвинителство за утврдување на евентуална кривична одговорност. Дали ќе има одговорност и кај државните службеници кои ги дозволиле пропустите, дополнително ќе се истражува. 

Вонредните контроли доаѓаат по истражувањето на дел од медиумите кои алармираа за отровните деривати што се пуштени во промет кои опасно влијаат врз загадувањето на воздухот.

0 Коментари

Остави коментари