РКЕ: Нема да дозволиме ценовен шок

Несфатлива е одлуката на владата во заминување да бара зголемување на цената на струјата за домаќинствата и малите потрошувачи. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски додава дека во време на ковид и енергетска криза не дозволил да има ценовен шок за граѓаните, и сега ќе ги искористи сите механизми тоа да не се случи.

Бисломовски вели дека треба детално образложение зошто цената на мегават час електрична енергија  од 57 да се зголеми на 60 евра во време кога цените паѓаат на светските берзи. Но тој посочува дека по 20ти јуни кога ќе заврши тендерот на Универзалниот набдувач за набавка на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи ЕВН Хоум ќе ја направи пресметката и ќе ја достави до регулаторот, а пак тој ќе има право и на корекции. 

„Оваа цена од 60 евра за мегават час на некој начин ќе може да ја исхендламе, но мене ме загрижува 15те проценти кои треба да се набавуваат на слободниот пазар и тоа има сериозно влијание. Некаде на пазарот и фјучерсите кои ги гледаме за третиот и четвртиот квартал цената е во зависнот од денот се движи од 90 до кај 100 евра за мегават час што е далеку повисоко од тоа што би го дал ЕСМ како најголем производител до сега.“ - вели Бислимовски.

Од државните електрани ЕСМ за ТВ 24 велат тие ги прават пресметките во однос на цените и предлогот го испраќаат до влада. Потоа тој предгог се разгледува на затворена владина седница и се носи конечна одлука. Јавноста официјалната одлука ја дознава по завршувањето на тендерот на Универзалниот снабдувач кој е за набајка на струја потребна за домаќинствата и малите компании.

„ЕСМ е заштитник на цената на електричната енергија и испорачува електрична енергија кон ЕВН Хоум, по цена која ја определува Владата, и количина која исто така ја утврдува Владата се со цел пазарните цени на струјата на берзите да не предизвикаат шок за граѓаните.“ - велат од ЕСМ.

Од владата во заминување не одговори на нашите повици и не дадоа конкретен одговор која е причината што сега бараат  нова повисока цена на струјата. Инаку, од ноември се очекува продолжување за еден час дневна евтина тарифа, односно таа на располагање на домаќинствата ќе биде од 13 до 16 часот.