РКЕ наскоро ќе ги соопшти новите цени за пренос и дистрибуција на електрична енергија
Од можен ценовен шок за струјата, стравуваат македонските граѓани на прагот на зимата. Компаниите чии трошоци влијаат врз цената, почнаа да ги доставуваат своите барања до Регулаторната комисија за енергетика.
Засега, само МЕПСО побарало минимално зголемување. Сепак, од Регулаторната смируваат, засега не се очекуваат значителни промени.
По завршувањето ан тендерот на ЕВН Хоум, ќе се знае новата цена на струјата. До крајот на овој месец Регулаторна ќе ги знае цените за пренос, кои ги регулира, а за кои Бислимоски не очекува поскапување. Од друга страна, од компанијата за пренос на струја МЕПСО велат дека со постојаните инвестиции во преносниот систем, снабдувањето со електрична енергија ќе биде стабилно во текот на зимата.
Инсталираниот капацитет од обновливи извори на енергија е повеќе од половина од целиокупниот капацитет во земјава, а 40% од произведената струја во земјава е од незагадувачки капацитети. Сепак, земјава треба да работи на изградба на гасни електрани, кои ќе обезбедат базна еколошка енергија.
На денешната конференција на здружението за обновливи извори на енергија МАРЕС се диускутираше за состојбите на пазарот, новите политики, инвестициите, обновливите извори и конкретните чекори за поефикасен и стабилен енергетски систем во земјава и регионот.

