РК Вардар го креира новиот шампионски тим
Foto

РК Вардар го креира новиот шампионски тим

Дека актуелниот европски првак Вардар високо ќе цели и во новата сезона секојдневно пристигнуваат потврди.

Стратегот Стевче Алушовски заедно со новиот прв човек михајло михајловски и тоа како работат на креирање на новиот шампионски тим. А, во него одново ќе ги гледаме капитенот Стојанче Стоилов, крилата Тимур Дибиров и Иван Чупиќ, Кристијан Дисингер, Глеб Калараш, кои ја потврдија својата верност кон „црвено-црниот“ дрес.

Голманската позиција веќе е комплетирана. На македонските репрезентативци Борко Ристовски и Марко Кизиќ друштво ќе им прави и 25-годишниот французин Робин Кантегрел.

Чуварот на мрежата на Сесон Рен претходно има настапувано и за Нант со кој имал учество во ЕХВ купот и во Лигата на шампионите.

0 Коментари

Остави коментари