Ристовски за „Студио 10“: Губиме таленти и имаме уште малку гориво, но не се предаваме
„Веке губиме таленти. Клубовите не вложуваат во нови деца и не купуваат од другите земји. Уште малку гориво имаме. Немаме од каде да извираат деца. Младината бега од фудбал, оди на пливање, кошарка бидејки немаме услови. Не можеме само да седнеме и да кажеме ФФМ е крив. Не може ФФМ да дава пари на сите клубови. Не ја знам внатрешната ситуација помеѓу федерацијата и клубовите. Условите си го прават своето. Се менуваат работите. Не знаеме традицијата да ја зачуваме. Голем број на клубови кои биле имиња веке не постојат. Тоа да се случи во друга земја, градот ке застане. Фудбалскиот терен ни е нива. Ние треба да играме, па и да пречема светски репрезентации. Не е со до парите. Си сака одржување. Со романска репрезнетација кога се натрпеварваме, јас на капитенот му се извинив. Знам како они не пречекаа, а каде ние ги пречекавме. Пазете на теренот, беше мојот коментар до капитенот. Последниот период имаме пад, но и тоа е нормално. Денес во репрезнтација влегоа многу млади сили. Тие се силата на фудбалот. Кога ке имаш авторитет како Пандев, се чувствува поубава енергија. Треба и они да преземат некоја одговорност. Младите се лидери на фудбалот. Јас сум оптимист и играчкиот кадар има квалитет. Секако не се предаваме.“ - вели за „Студио 10“ Стефан Ристовски.