Ристовски во Аргумент плус: Бранителите треба да се највисокиот сталеж во општеството
Претседателот на политичката партија „Интегра“, Љупчо Ристовски во Аргумент плус рече дека прашањето за заштита на бранителите виси во воздух. Според него бранителите треба да се највиоск сталеж во нашето општество и да ги имаат највисоките привилегии.
„Државата не сме да дозволи да не се заштитени бранителите. Тие се највисокиот сталеж во општеството и државата мора да ги заштити. Сега тоа прашање е под тепих и со тоа се праќа порака дека ако дојде повторно до нешто такво тешко дека некој од младите ќе ја брани татковината. Тие луѓе кренале оружје да ја бранат државата и ние сме неми пред уцените на коалционите партнери па на крај имаме решенија и по цена да немате албански коалициски партнер, не може никој да ве уцени“, изјави Ристовски.
Тој рече и дека ВМРО-ДПМНЕ треба да ги исполни сите национални интереси бидејќи, како што објасни тој ќе завршат како СДСМ.
„Генерално, држава не се води по линија на отпор, држава е држава и ако ВМРО-ДПМНЕ доби апсолутна власт, има сериозно мнзоиноство, претседател, извршна власт, градоначалници и народот даде апослутна поддршка надевајќи се дека ВМРО-ДПМНЕ конечно ќе ги оцрта македонските национални интереси и црвената линија и ако не ги испорача овие ќе завршат како СДСМ“, рече Ристовски.
Тој зборуваше и за договорот меѓу Македонија и Бугарија.