Ристовска за ТВ 24: Јазикот не станува официјален сега, туку кога ќе станеме членка на ЕУ

Малинка Ристовска од ЕПИ во емисијата 24 анализа потенцираше дека фамозната фуснота ја направила целата збрка. Официјален работен јазик станува кога државата станува членка на ЕУ.

- Со тоа Бугарија си остава резерва во било кој дел од процесот вклучувајќи на крајот со поглавје 34 да го релативизира јазикот, зависно како ќе течат преговорите. Не покажуваат никаква добра волја, напротив застанува во место и ние сме принудени да разговараме за тоа. Јазикот не станува официјален сега, туку кога ќе станеме членка на ЕУ. - рече Ристовска.