Ристоска: Има дуализам и недостаток на правен легитимитет за избор на судија за ЕСЧП во Стразбур

На новата  постапката за избор на судија за Европскиот суд за човекови права во Стразбур и недостасува правен легитимитет. Со отворањето на нов оглас и почнувањето на нова постапка без претходната да се заврши се создава дуализам на постапките.

Вака обвинителката Ленче Ристоска објасни зошто се одлучила да не конкурира на вториот оглас за избор на судија, откако Владата без да ги образложи причините , кажа дека тројцата кандидати  меѓу кои Ристоска кои го помина филтерот на комсијата не ги исполнуваат причините  и си избра нова комисја, без воопшто да ја прати листат во Стразбур.  Ристоска Вели дека за сите прекршувања на постапката, го известила и Советот на Европа.

Во конкретниот случај владата формираше нова комисија, претходната комисија беше создадена од членови кои самите институции ги назначуваа за разлика од новата каде владата директно ги именуваше членовите и токму истата влада кажа дека јас не ги исполнувам условите и токму и зато решив јас да не конкурирам. За сите прекршување во постапката дури и за околноста дека огласот е објавен за време на изборен период го известив Советот на Европа.

Ристовска го демантираше и премиерот Христијан Мицкоски кој рече  дека како јавен обвинител за врски со Европравда зема многу висока плата. Одговарајќи околку законот за плати на судии и јавни обвинители кој е дел од пакетот реформски закони во судството . Ристоска тврди дека платата што ја добива е само огласно законот. 

Освен Ристоска на нобвит оглас не се пријави ниту судијката Габриела гајдова . Таа во 24 анализа изјави и дека Владата и ги скратила уставно загарантираните права, како и правото на жалба. Единствениот кој од тројцата се прјави и новиот оглас  е адвокатот Јордан Апостолски.

На повторениот оглас за изборо на судија за Европскиот суд за човекови права пријавени биле вкупно 20 кандидати, а 11 од нив меѓу кои токму и Апостолски, но и адвокатот тони Менкиновски, судијката Оља Ристова, разрешената судијка  Лидија Неделкова , Андреј Димовски, Едита нНскова итн ....кои го поминаа првиот филтер на Комисијата. Интервјуата со кандидатите  ќе биде на 20 октомври.