Ристевска Јорданова за тв 24: Преголема надеж се полагаше на германското претседателство
Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за европска политика во 24 анализа смета дека никој не можеше да предвиди ваков исход на македонското претседателство. Смета дека преголема надеж се полагаше на германското претседателство и уште лани во октомври не се пристапило со сета сериознист на анализата на бугарските барања.
„Тоа ќе значеше поинаква стратегија и поинаква поставеност кон тие барања. Како успех, може да се препише тоа што во предлогот на преговарачката рамка, не влегоа барањата на Бугарија и таа остана изолирана во ова барање. Сликата е измешана. Многумина што годинава очекуваа успех, а не беа многу, останаа разочарани, зошто таму процесите одат во друга насока.“ - рече Ристевска Јорданова.