Ристевска Јорданова за тв 24: Германија сака геостратешко влијание и стабилност, а бугарскиот пристап тоа го нарушува
Малинка Ристевска Јорданова - од Институтот за европска политика во емисијата 24 анализа истакна дека сега и Грција која порано била тивка во врска сои спорот на Македонија со Бугарија, сега е погласна. Во одное на Германија, таа не е изненадена од доследноста и нивната заинтересираност е пред се од стратешкиот интерес за регионот.
„Германија сака геостратешко влијание тука и стабилност, а ваквиот бугарски пристап тоа го нарушува. Сега треба да бидеме со позитивна оценка за македонската дипломатија која беше активна во презентирањето на нашите ставови и тоа на европски начин.“ - вели Ристевска Јорданова.
Таа смета дека тоа придонело за некоја промена. Се најавува некаков патоказ којшто треба да води сметак за бугарските барања. основните барања уште остануваат на маса, вели Ристевска Јорданова.