Ристевска - Јорданова за ТВ 24: Бесмислено е да признавате малцинство на држава во уставот, која не го признава мнозинството

Малинка Ристевска - Јорданова од ЕПИ во емисијата 24 анализа рече дека сите барања од страна на Бугарија кои се поставени и повторени, длабоко задираат во идентитетот.

- По ова со Битола, не знам што уште може да направат. Имавме теза дека е можно да влезат Бугарите во уставот. Бугарите досега се уште го негираат нашиот идентитет и бесмислено е да признавате малцинство на држава во уставот, која не го признава мнозинството и тврди дека тоа мнозинство има бугарски корени. - рече Ристевска - Јорданова.