Ристевска Јордановa: Сите сме фрустрирани од потезите на Унијата

„Ги предвидуваме следните чекори. Оние што ја познаваат ЕУ знаат што треба да се очекува. Во однос на преговорите, сите сме фрустрирани од потезите на Унијата. Јасно е дека има голема хипокризија. Веќе плаќаме голема цена и веќе сме платиле голема цена за да стигнеме. Уште не се почнати преговорите, а веќе го сменивме името. Факт е дека не сме во рамноправна позиција со Бугарија, таа го користи членството во ЕУ. Ова се прашања на национален идентитет. Граѓаните веќе реагираат на таа потчинетост. Колку и да сме мали, ние сме суверена држава. Ако ние се почитуваме, ќе не почитуваат и другите“ - вели Малинка Ристевска Јорданова, член на УО на ЕПИ во Студио 10 на ТВ24.

Таа смета дека Борел дојде во Скопје за да даде поддршка за земјава, а истото го стори и во Албанија.

„Најнезгодната точка на неговата посета беше прашањето за отворање на преговорите. Барем беше искрен. Не даде лажни ветувања“ смета Ристевска Јорданова.