Ристески во Отворено: Излегувањето на Таравари е негова волја, ние ќе си тераме по нашиот зацртан пат

Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ во Отворено рече дека, излегувањето на Таравари од владата е негов избор.

Според него, тоа нема да влијае на владиното мнозинство. 

„Би кажал дека излегувањето е волја на Таравари и нека му е со среќа, нека оди по својот пат, ние како ВМРО-ДПМНЕ како влада продолжуваме по нашиот зацртан пат. Ме радува што излеговме во пресрет на сите ветувања, ги реализиравме најголемите проекти и ветувања, зголемување на пензии, плати во обарзование, потпишување на колективни договори со синдикати, зголемување на плати во здравство.Се што ветивме го релизиравме за една година. Не би рекол дека одлуката е и на партијата на Таравари бидејќи таму има подолго време превирања, не знам дали компелтно сите ќе застанат со Таравари и пратениците“, рече Ристески.

Тој зборуваше и за тоа дека Таравари активно учествувал во работата на владата.

„Таравари во минатиот период активно учствуваше во работата на владата и во ниту еден момент не се интересирал за законот за јазиците или за балансерот. Се интересирал за Груби, за постапките на Заев. Ние не толерираме никој кој ќе сака да коалицира со оние кои го осакатиле државниот буџет а такви се Груби, Заев, Филипче, и сите оние за кои сега Таравари влегува во нивна прегратка“, додаде Ристески.