Ристе Бањоглав од Долни Балван во битка со извршителите за неговиот имот
Foto

Ристе Бањоглав од Долни Балван во битка со извршителите за неговиот имот

Ристе Бањоглав од Долни Балван доби подршка во својата борба да си го зачува домот. Денеска Здружението „Стоп за грабежот“ и негови соседи со протест ги повикаа институциите да реагираат.

Сметаат дека има пропусти во извршувањето, а државата мора да ги менува законите. Должниците да не мора да плаќаат камати повеќекратно повисоки од главнииот долг. 

Присутните на протестот побараа обвинтелството да се изјасни за пријавата за лихварство, извршителите да се вратат во судовите и да не се дозволи да се губи единственото место за живеење поради долг.

Голготата на ова семејство почнува пред шест години, кога Бањоглав зел пари на заем од роднина, како залог ја оставил куќата, што била на неговата мајка. Заемот бил околу десет илјади евра.

Низ годините за постапкитите на извршување платил двојно. На крајот го изгуби домот за околу 2000 евра бидејќи во Катастарот неговата мајка Рајна не е повеќе сопственик на куќата и трлото и таму стои името на доверителот. 

0 Коментари

Остави коментари