Рисимкин во СТУДИО 10: Танц фест е платформа за афирмација на алтернативни кореографи

Годините се нижат а ние се трудиме да го одржиме нивото на фестивалот. Годинава ќе имаме одлична програма која ќе трае цел месец а започнува од 4 април, вели Рисима Рисимкин, уметнички директор на „Танц фест“ во СТУДИО 10 на ТВ 24.

-Ние одиме и во другите градови во Македонија каде што имало можности во изминатите 19 години, вели Рисимкин.

Ние во 2010 година отворивме танцова академија за современ танц која сега е и дел од Универзитетот „Гоце Делчев“, вели Рисимкин. Гостувања ќе има од многу земји, а претставите ги следат современите трендови на современиот танц. Но, ќе има простор и за македонските кореографи.