Рикардо преговарал со Мекларен пред да потпише за Рено
Foto

Рикардо преговарал со Мекларен пред да потпише за Рено

Новиот пилот на Рено, Даниел Рикардо, потврди дека водел преговори со Мекларен пред да се одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.

Минатата сезона тој објави дека го напушта Ред бул.

„Имав две средби со претставници на Мекларен. Ми се допадна тимот. Го ценам нивниот интерес. Оставија добар впечаток кај мене. Но, јасно е дека тимот сè уште нема достигнато високо ниво. Би било премногу оптимистички да одам таму. Затоа, ја отфрлив оваа опција. Се одлучив за Рено, бидејќи тимот бележи напредок во перформансите на болидот“  - изјави Рикардо.

Австралискиот возач во Формула 1, претходно четири сезони настапуваше за Ред бул.

0 Коментари

Остави коментари