Рибокрадство во полн ек, експертите сугерираат за штетен дисбаланс меѓу рибите во Охридското езеро
Foto

Рибокрадство во полн ек, експертите сугерираат за штетен дисбаланс меѓу рибите во Охридското езеро

Нема крај на дивото риболовење на Охридското езеро. Само од почетокот на годинива досега регистрирани се 4 прекршоци од Законот за внатрешна пловидба, пронајдени биле 34 разновидни рибарски мрежи долги 1.800 метри, 150 парчиња риба со вкупна тежина од 13 кг.

Ваквата ситуација на се позачестено изловување се повеќе ја влошува состојбата на рибниот фонд, а најзагрозени и понатаму се пастрмката и белвицата. Со изловувањето само на едни исти видови на риба се прави огромен дисбаланс во езерото. За враќање на рамнотежата меѓу рибите мора да се изловува и плашицата, порачуваат експертите.

Мета на рибокрадците се рибите кои добиваат висока цена на пазарот. Во случајот пастрмката, белвицата и крапот.

Ваквите децениски проблеми мора да се решаваат интегрално и заедно со Албанија, додава Спиркоски.

Инаку Охридското езеро и понатаму е без концесионер, нема ниту рибочуварска служба, а рибниот фонд е оставен да го чува и надгледува езерската полиција.

0 Коментари

Остави коментари